20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВредноста на Биткоинот не престанува да расте

Вредноста на Биткоинот не престанува да расте

Вредноста на дигиталната крипто-валута Биткоин порасна за 95 долари и е поголема од било кога.

Во текот на вчерашното тргување на берзите, вредноста на биткоинот изнесуваше 1.456,35 американски долари.

Биткоинот имаше „див“ почетокот во оваа година. Тој доби на вредност 20 проценти, за потоа да опадне за 35 проценти поради стравот дека Кина би можела да го поништи неговото тргување. Оттогаш неговата вредност се зголеми за повеќе од 80 проценти и сите стравови дека Кина би можела да ја уништи оваа валута, американската комисија за хартии од вредност и берзите да ја отфрлат размената, а програмерите да ја раздвојат крипто-валутата на два дела ги снема.

Од почетокот на април јапонските финансиски регулатоти го одобрија користењето на Биткоин како легален метод за плаќање во оваа земја, а Русија разгледува опции да ја воведе од 2018 година.

Биткоинот секоја годна е на врвот на највредни валути од 2010 година, освен во 2014 година кога доживеа пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП