20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUBS го забележа вториот најдобар старт на годината од финансиската криза

UBS го забележа вториот најдобар старт на годината од финансиската криза

Швајцарската банка „UBS“ го оствари вториот најдобар старт на годината од финансиската криза па наваму, бидејќи најдобрите изгледи и растот во нивоата на трговија го поддржуваат нејзиното инвестициско банкарство и клучниот бизнис за управување со благосостојбата.

Најголемата швајцарска банка и најголемиот менаџер на благосостојбата во светот истакнува дека нето добивката за првите три месеци од 2017-та година се зголеми за 79% до 1,3 милијарди швајцарски франци (1,28 милијарди долари), што е прилично над најоптимистичките проценки во истражувањето на „Ројтерс“.

„Иако глобалното закрепнување најверојатно ќе продолжи, макроекономската неизвесност, геополитички тензии и поделените политики носат ризици, кои може да влијаат на расположението на клиентите и обемот на трансакции“, вели „UBS“ во соопштението.

Нето нови пари – важен индикатор за идните приходи на приватното банкарство, изнесуваат 18,6 милијарди франци во „UBS Wealth Management“ и 1,9 милијарди долари во „Wealth Management Americas“.

Растечките каматни стапки, просперитетната берза и подобрувањето се расположенија на инвеститорите кои го поддржуваат бизнисот на банката во САД. Во исто време заради подобрувањето на пазарите во Азија, клиентите во овој регион почнуваат да преземат повеќе ризици, откако доцнењето на крајот на 2015-та година го потисна нивниот интерес.

„UBS“ се надева оптимизмот околу предложените политики од новиот претседател на САД, Доналд Трамп да го поддржи бизнисот за управување на благосостојбата.

Овој оптимизам – рефлектира во резултатите само седум дена откако Трамп ја презеде функцијата во јануари, влијае во првиот квартал, а одделот „Wealth Management Americas“ предвиде 10 проценти раст на профитот од трансакции.

Банката ја потврдува и целта за намалување на трошоците за 2,1 милијарди франци до крајот на 2017-та година во однос на 2013-та година. Веќе се направени заштеди за 1,7 милијарди франци до крајот на првите три месеци од годината.

Односот на основниот капитал од прв ред на „UBS“ – внимателно е следен показател за силата на балансот кој банката го користи за одредување на дивидендата, а се зголемува до 14,1% од 13,8% на крајот на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП