24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција во обид да привлече повеќе кинески туристи

Грција во обид да привлече повеќе кинески туристи

Првиот брод со кинески туристи ќе отплови од грчкиот град Пиреја, а тоа е важен момент за грчката туристичка индустрија, пренесува Neos Kosmos.

Крстарењето ќе трае четири дена, а над 200 патници ќе имаат можност да ги посетат градовите лоцирани на Егејскиот брег.

Барем две илјади кинески туристи се очекува да се запишат на слични патувања оваа година.

Туристичката индустрија во Грција се насочи кон брзо растечкиот кинески пазар со надеж да привлече повеќе кинески туристи. Тие се доживуваат како важен фактор за привлекување на милиони други туристи кои веќе ја избираат Грција како дестинација за одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП