23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се петте градови со прекрасни облакодери

Ова се петте градови со прекрасни облакодери

Знаете ли дека во 19-иот век зграда, која е повисока од шест ката, се сметала за вистински гигант? Во тоа време такви огромни структури ретко да се појавувале во тогашните градови.

Облакодерите денес дефинитивно одговараат на други критериуми. Бурџ Калифа, на пример, може да се пофали со цели 160 ката, а заедно со објектите на нејзиниот покрив е висока 828 метри.

Ако сакате да уживате во неверојатната глетка од облакодерите, следниве градови се најдобрата опција. Тие се меѓу населените места на планетата кои можат да се пофалат со најмногу ултра високи згради.

Сингапур

Таа го зазема десеттото место на листата на „Skyscrapercenter.com“ на градовите со најмногу облакодери. Може да се пофали со 79 згради над 150 метри и 30 згради над 200 метри. Највисоката е „UOB Plaza One“ со нејзините 280 метри.

Гуангжу

Кинескиот град може да се пофали со 99 згради над 150 метри, 27 згради над 200 метри и 8 згради над 300 метри. Највисоката тука е финансискиот центар „CTF“ кој се издигнува на цели 530 метри.

Токио

Главниот град на Јапонија има 143 згради над 150 метри и 24 згради над 200 метри. Највисока е „Toranomon Hills“ – 255.5 метри.

Дубаи

Тешко дека ќе изненадиме некого со присуство на Дубаи во оваа листа. Веќе ја споменавме Бурџ Калифа – највисоката зграда на планетата, која се наоѓа токму тука. Инаку емиратот може да се пофали со 156 згради над 150 метри, 65 згради над 200 метри и 18 згради над 300 метри.

Хонг Конг

Ова е градот со најмногу облакодери на планетата. Тука има 316 згради над 150 метри, 63 згради над 200 метри и 6 згради над 300 метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП