20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКоја е причината поради која згаснуваат Утрински весник и Вест?

Која е причината поради која згаснуваат Утрински весник и Вест?

„Утрински весник“ и „Вест“ денеска за последен пат излегуваат. Тие беа дел од ова нашето секоедневие. „Утрински весник“ згаснува по цели 18 години, а „Вест“ по цели 17 години.

Дали згаснаа поради лошото менеџирање или погрешната уредувачка политика? Одговорот е јасен. На улица остануваат повеќе професионални новинари.

Новинарите од двата весника, за последен пат, макар и симболично со „шише со пари„ на мирен собир го одбележаа затворањето на весниците.

„Медиа принт ДООЕЛ“ – фирма ќерка на „Медиа принт Македонија“ објави огласи за вработување на 55 новинари.

Се лиферувани информации дека весниците „Утрински“ и „Вест“ ќе станат веб-портали со по неколку вработени, а останатите ќе останат без работа.

Фирмата МПМ ќе оди под стечај. Во моментов има вкупно 230 вработени новинари, новинарски работници, технички служби. Од нив во новата фирма ќе одат само 113 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП