23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИсклучително богата програма и содржини на 20. издание на Скопје филм фестивал

Исклучително богата програма и содржини на 20. издание на Скопје филм фестивал

Вчера заврши годинешниот Скопје филм фестивал. За дваесетгодишниот јубилеј на публиката и’ донесовме исклучително богата програма и содржини во чии рамки понудивме повеќе од 75 филмови, работилници, гостувања на реномирани филмски имиња, првата македонска филмска ретроспектива на Стенли Кјубрик, а прв пат се одржа и програмата „Креираме заедно“.

„Скопје филм фестивал се отвори со „Реквием за госпоѓа Ј.“ филмот на режисерот Бојан Вулетиќ, кој годинава беше дел од официјалната програма „Панорама“ на 67.

Берлински филмски фестивал.. На свеченото отвоврање на Скопје филм фестивал пред публиката се поклони легендарната Мирјана Карановиќ која ја игра главната улога, режисерот и сценарист Вулетиќ, Ненад Дукиќ, главнот продуцент, Томи Салковски, македонскиот продуцент како и дел од филмската екипа.

Филмовите беа распоредени во осум програми: Гала, Програма на авторски филм, Панорама на светски филм, Македонска продукција, во која публиката ја виде најновата македонска филмска комедија во режија на Коле Ангеловски, „Ах љубов моја“, како и новите краткометражни филмови од продукцијата на „Круг“, „Ќе дојдат децата“ и „Чевли“ на режисерите Ана Јакимска и Бранко Костески.

Скопски филмски фестивал за својата публика подготви Ретроспектива на Стенли Кјубрик, што беше прва фестивалска ретроспектива на овој легендарен режисер во Македонија, а по тој повод специјален гостин на Фестивалот беше познатиот Јан Харлан, извршниот продуцент на филмовите на Кјубрик.

И годинава, фестивалската публика можеше да ги види најинтересните нови француски филмови во програмата Фокус на францускот филм, а во рамки на програмата на Краток филм беа прикажани 12 филмови од европска продукција и уште 13 краткометражни шпански филмови.

Скопје филм фестивал со големо задоволство ја реализираше и Детската програма „Креираме заедно“.

Скопје филм фестивал и Здружението за поддршка на деца и млади со различности „Сината птица“ од Скопје, годинава, преку програмата „Креираме заедно“, за прв пат ги вклучи децата со попреченост во креирањето на фестивалската програма, а во рамки на Детската програма понуди филмови наменети за сите деца кои се обидуваат да урнат табуа и стереотипи за луѓето со попреченост.

Во програмата учествуваа ученици со и без попреченост на возраст од 9 до 14 години од осум инклузивни училишта од Скопје, Тетово и Струмица кои во духот на самозастапување говореа за себе и својот свет преку работилниците за фотографија, видеозапис и ликовно решение за плакатот на детската програма. Креативните работилници ги водеа уметниците: Ване Костуранов (плакат), Наташа Гелевска (фотографија) и Јане Алтипармаков (видеозапис).

Проектот се имплементира со поддршка од Европската Унија, како дел од програмата „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост во западен Балкан и Турција“, а е кофинансиран и спроведен од страна на УНИЦЕФ.

Во рамки на фестивалот, работилница за анимиран филм одржа Берин Тузлиќ, мултимедијален уметник од Сараево.

Гостин на фестивалот беше и селекторот на дел од фестивалската програма, Навид Сарин од Франција.

Им благодариме на Агенцијата за филм на Република Македонија, на нашите помагатели, на медиумските спонзори, на кината „Милениум“ и „Фросина“, на Кинотека на Македонија и најмногу на нашата публика со која ќе се видиме и на следното издание на фестивалот, се вели во информацијата на организаторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП