29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин пофали една од земјите во ЕУ, нашата соработка е одлична

Путин пофали една од земјите во ЕУ, нашата соработка е одлична

Рускиот претседател Владимир Путин ја пофали гасната соработка со Австрија и изрази надеж за понатамошен развој на партнерството.

„Русија во целост е задоволна со нивото на соработка во секторот за гас и се надеваме дека и понатаму ќе се развива“, вели рускиот претседател.

Путин се состана со Рајнер Зел, директорот на OMV.

Путин го опиша OMV како „искусен и доверлив партнер“ и потсети дека договорите датираат уште од пред 50 години.

„Австрија не е само важна како потрошувач на нашиот гас, таа е воедно и најголемата транзитна земја – 30 милијарди кубни метри гас проаѓаат преку Австрија, главно благодарение на вашата компанија“, изјави Путин.

Според Путин, за Австрија може да се каже дека е нивниот најголем глобален поврзувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП