18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛуксузните станови во Монако се најскапите во светот

Луксузните станови во Монако се најскапите во светот

Цените на луксузните станови во Монако веќе се пред оние во Хонг Конг и се највисоките во светот, покажуваат податоците на консултантската компанија „Savills“.

Цените на луксузните имоти се зголемиле за 180% за период од 10 години (2006-2016 година) до 41.400 евра на м2 (45.000 долари). Така, просечната продажна цена на луксузен имот во Монако достигнува 4,3 милиони евра во 2016-та година.

За споредба, во истиот период растот во Лондон е 70%.

График: Bloomberg

Во минатата година во Монако имало рекорден обем на трансакции, а вкупната вредност достигнува 2,7 милијарди евра. На краток рок, сепак се очекува забавување поради недостатокот на нови понуди и слабата ликвидност на пазарот, се наведува во извештајот на компанијата.

Вториот најскап пазар на луксузен имот во светот е Хонг Конг со 39.100 евра цена на м2. На трето место е Токио со 29.200 евра, а топ пет се дополнува со Лондон и Њујорк со соодветно 17.600 евра и 16.700 евра.

Во топ 10 најскапи пазари на луксузен имот во светот спаѓаат уште Шангај, Париз, Москва, Сингапур и Дубаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП