18 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ„Модерна палата“ во Варшава (фото)

„Модерна палата“ во Варшава (фото)

Сместена во живописната Варшава, оваа современа вила наречена „Модерна палата“ зрачи со својата елеганција…

Според дизајнерите, идејата била да се интегрира традиционално опремен дом во модерно опкружување, со цел да се надополни класичната архитектура.

Природните елементи, најдобрите материјали и бои во ентериерот, облиците и текстурата претставуваат современо чувство во дизајнот и декорот.

Уникатните парчиња мебел и миксот на стилови создаваат креативен, луксузен и персонализиран ентериер. Резултатот е пријатно добредојде во оваа трикатна вила за нејзините станари и гости.

Класичната фасада на оваа вила прави нејзиниот ентериер да делува изненадувачки и динамично.

Тука се сместени гостопримливиот и топол ходник, прекрасниот салон, трпезаријата, терасите, спалните соби и префинетите бањи…

Покрај неколкуте уникатни идеи кои се вметнати да го збогатат просторот, тука е застапена и графичката уметност, уметничките слики, разните артефакти и декорацијата која на овој ентериер му дава комплексност, шарм и огромна доза на луксуз.

Уживајте во фотографиите…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП