20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАГрешки кои ќе ви ја уништат кариерата

Грешки кои ќе ви ја уништат кариерата

И додека различни шефови вреднуваат различни вештини кај работниците, повеќето од нив бараат работници кои имаат добри контакти, кредибилитет и компетенција. Сo овие три карактеристики иматe големи шанси дa бидете успешни.

Сепак, доколку сакате да напредувате, некои грешки не би требало да ги правите, а тоа се:

1. Менување на работата/кариера пречесто или прерано

Пречестото менување на работата кај потенцијалниот шеф може да остави впечаток дека сте нестабилни и дека и кај него нема долго да се задржите.

2. Заминување од компанијата во кавга со шефовите и колегите

Никогаш не е добро да заминете од компанија искарани со шефот и колегите. За тоа сигурно ќе зборуваат сите и самите на себе ќе си создадете лош имиџ.

3. Одлуки кои се базираат само на пари

Добрата понуда која вкучува висока плата тешко се одбива. Но пред прифаќањето добро размислете кои ви се приоритетите. Ако ве мотивираат само парите, тогаш прифатете ја понудата, но сепак најважно е да сте задоволни од видот на работа која ја обавувате.

4. Недостаток на самодоверба

Сите од негде мораат да почнат, а секој од нас има вештини со кои располага. Тие вештини треба редовно да се развиваат, а недостатокот на самодоверба сигурно нема да ви помогне во развојот на вашата кариера бидејќи голем е редот на оние кои едвај ја чекаат секоја прилика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП