19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНова функција на Google Maps ќе запамети каде е вашето возило

Нова функција на Google Maps ќе запамети каде е вашето возило

Со најновата функција на „Google Maps“ никогаш повеќе нема да имате потреба да го барате вашиот автомобил.

Таа беше пуштена првично како дел од бета верзијата на „Google Maps“ (и само за „Android“) во март 2017-та година, но сега официјално е дел од апликацијата за „Android“ и „iOS“.

За да ја активирате оваа функција за „Android“, притиснете ја сината точка и изберете „Save your parking“. Така на мапата ќе се појави местото што покажува каде сте паркирани.

Можете дури да додадете белешка со јасни инструкции за подоцна, да се стави тајмер, да го испратите местото на кое сте паркирани на пријател или да зачувате слика на местото.

Кај „iPhone“ постапката е речиси иста: притиснете на сината точка и одберете „Set as parking location“, потоа ги имате истите опции како и на „Android“ верзијата на апликацијата.

Треба да се има предвид дека тоа е различно од автоматската функција на „Google Maps“ за наоѓање на местото каде сте паркирани, која го наоѓа автомобилот без вашата интервенција.

За да ја добиете новата функција, треба да ја имате најновата верзија на „Google Maps“ за „Android“ или „iOS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП