20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Airbus е намален за половина во првиот квартал

Профитот на Airbus е намален за половина во првиот квартал

Европската компанија за производство на авиони „Airbus“ објави поостар од очекувањата пад на профитот од 52% за првиот квартал. Падот се должи на пониските цени, додека компанијата преминува кон нови модели, и на повисоките трошоци за производство. „Airbus“ сепак потврди цели за повисока добивка за годината.

Вториот по големина производител на авиони во светот по „Boeing“ соопшти дека приспособениот оперативен профит забележал пад до 240 милиони евра, а приходите се зголемија за 7% до 12,98 милијарди евра.

Просечната прогноза на аналитичарите за приспособениот оперативен профит беше за 344 милиони евра со пад од 31% и за раст од 5,5% на приходите до 12,857 милијарди евра, покажува истражувањето на „Ројтерс“.

„Airbus“ изјави дека се уште чувствува загриженост околу проблемите со моторите на новиот патнички авион „A320neo“ произведени од „Pratt & Whitney“, и околу трговската изложеност на проблематичната програма за воени авиони „А400М“.

Компанијата очекува испораките на „A320neo“ уште еднаш да се намалат во втората половина на годината, но изрази надеж да го избегне брзањето во последната минута, што се случи во декември минатата година.

Проблемите со моторите „треба да бидат решени“, изјави „Airbus“ во соопштението.

Единицата за производство на авиони на „Airbus“ забележува опаѓање на профитот од 31%, и покрај растот од 13% на приходите. Компанијата со седиште во Тулуз изјави дека тоа се одразува различната комбинација на авиони, како има донесено повеќе нови модели А350 во првиот квартал, „промени во цените“ и повисоките трошоци за производство. Новите авиони обично се продаваа со сериозни отстапки за да се привлечат нови нарачки.

За 2017-та година „Airbus“ очекува да испорача над 720 авиони и да забележе раст на оперативната добивка меѓу 4% и 6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП