19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБитола на глобалната мапа за одбележување на Меѓународниот ден на џезот

Битола на глобалната мапа за одбележување на Меѓународниот ден на џезот

Младински културен центар – Битола (официјален УНЕСКО младински клуб), в недела, 30 април 2017 година, во кафе бар „Камарите“ летна бавча во Битола, со почеток во 11.30 часот организира музички настан со цел одбележување на Меѓународниот ден на џезот.

На концертот ќе настапат Сашо Поповски (гитара), Иван Иванов (саксофон), Иван Бејков (бас) и Михаил Парушев (тапани).

„Овој концерт по петтипат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола е ставена на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани” – изјави Златко Талевски (извршен директор на Младински културен центар – Битола.

Овој ден ги сплотува нациите и општествата прославувајќи ја уметноста на џезот, потенцирајќи ја неговата важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП