23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Германија ги достигна препорачаните нивоа од ЕЦБ

Инфлацијата во Германија ги достигна препорачаните нивоа од ЕЦБ

Нивото на инфлација во Германија во април порасна до 2%, покажуваат податоците на локалната статистика, цитирани од „Market Watch“.

Цените на потрошувачките стоки во најголемата европска економија се зголемуваат под влијание на зголемените трошоци околу Велигденските празници, покажуваат податоците.

Во март инфлацијата во Германија беше на ниво од 1,5 отсто. Зголемувањето во април е во рамките на очекувањата на пазарот.

Прогнозата на аналитичарите е инфлацијата во Германија да се забрза до 1,8% во текот на целата 2017-та година под влијание на повисоките цени на енергијата и храната. За 2018-та година ќе има мало задоцнување до 1,6 отсто.

Целта на Европската централна банка (ЕЦБ) е годишна инфлација „под, но блиску до 2%“.

Податоците за повеќето германски провинции укажуваат за континуиран економски раст и бум на пазарот на труд, посочуваат агенциите.

Извештајот за растот на цените во Германија беше објавен непосредно по податоците за инфлацијата во Шпанија. Индексот на потрошувачките цени во јужната држава се зголемува до 2,6%, наспроти 1,7% во март. Зголемувањето е повеќе од очекуваното од пазарните аналитичари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП