25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСА и Торонто си обезбедија конференциски полуфиналиња (видео)

СА и Торонто си обезбедија конференциски полуфиналиња (видео)

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс и Торонто Репторс изборија пласман во конференциските полуфиналиња, добивајќи ги сериите против Мемфис, односно Милвоки со 4-2.

Сан Антонио во шестиот меч од серијата победи во Мемфис 103:96 и во полуфиналето ќе игра против Хјустон.

Натпреварот во Мемфис, го решија стартерите на двата тима, бидејќи ниту Мемфис, ниту Сан Антонио не добија поддршка од оние играчи од клупата.

Кваи Ленард уште еднаш ја потврди високата класа, натпреварот го заврши со 29 поени, девет скокови, шест асистенции и три украдени топки. Ленард доби поддршка од Тони Паркер кој постигна 27 поени и Ламаркус Олдриџ кој имаше учинок од 17 поени и 12 скокови.

Кај Мемфис сите од стратната петорка уфрлија двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Мајк Конли со 26 кошеви.

Гостинска победа забележа и Торонто, во Милвоки, 92:89, иако малку недостигаше Репторс да ја испуштат огромната предност од 25 поени, која ја имаа во текот на мечот. Торонто, во полуфиналето на Истокот ќе игра против актуелниот шампион Кливенд.

Репторси до победата ги предводеше Демар Дерозан со 32 поени, два повеќе на спортивната страна постигна Јанис Адетокумбо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП