24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската економија имуна на санкциите на западот

Руската економија имуна на санкциите на западот

Одржувањето на санкциите на западните земји против Москва, нема негативно да влијае на руската економија, бидејќи Русијa се прилагоди на рестриктивните мерки, изјави експерт од ОН за човекови права Идрис Јазаири на состанокот со претседателот на рускиот Совет на Федерацијата Андеј Клишас.

Тој изјави дека Русија се прилагодила на санкциите и дека растот на економијата започнал во 2017 година.

„Санкциите нема негатино да влијаат на Русија, дури и ако продолжат“, изјави Јазаири.

Експертот на ОН додаде дека економијата може да се прилагоди на санкциите и политиката на трговските партнери и дека истите можат да влијаат на меѓународната трговија, но не и на економијата во внатрешноста на земјата која е под санкции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП