20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКрвави глави, поделена земја!

Крвави глави, поделена земја!

По насилствата во македонскиот парламент двете страни се обвинуваат едни со други – исто како што прават веќе со месеци. Од ЕУ и САД пристигнаа сигнали дека тие го признаваат новиот претседател на парламентот кој го избра новото парламентарно мнозинство.

Oколку полноќ Скопје се смири, по интервенцијата на полицијата која ги растера демонстрантите. Во центарот на градот одекнуваа детонации на т.н. шок-бомби, а незадоволните граѓани се повлекуваа во улиците недалеку од парламентот. Полицијата приведе дел од оние кои насилно влегоа во Собранието од споредниот влез. Голем број на симпатизери на поранешниот премиер Никола Груевски собрани под иницијативата „За заедничка Македонија“, најавија дека протестите ќе продолжат. Утрово пред Собранието беа поставени неколку шатори од најупорните симпатизери на Груевски.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, во 22:35 на полицијата и е дадена наредба уште еднаш да изврши безбедносни проверки на сите простории во Собранието, откако беа избркани демонстрантите и беа евакуирани пратениците, службениците и новинарите. До полноќ во три градски болници помош побарале 70 граѓани, 22 полицајци и тројца службеници. Меѓу повредените е лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој на неколку фотографии можеше да се види со крв на главата, а најлошо минал Зијадин Села, кој според последните информации, сепак неговиот живот не е во животна опасност.

Осуда на нападот

Се започна вчера околу 19 часот кога новото парламентарно мнозинство на социјалдемократите и претставниците на албанските партии го избраа пратеникот Талат Џафери за нов претседател на Собрението. Хаосот настана половина час подоцна кога тој даваше заклетва во собраниската сала. Стотина демонстранти влегоа во Собранието, го демолираше и фрлаше столици и физички ги нападна пратениците.

Следеа остри меѓународни реакции од САД, ЕУ и НАТО, кои сигнализираа дека го сметаат Џафери за нов претседател на парламентот.

„Актите на насилство во парламентот се непотребни и повикуваме на мир и воздржаност“, наведува високата претставничка на ЕУ Фредерика Могерини, како и европскиот комесар за проширување Јоханес Хан во заедничко соопштение. Тие препорачуваат дека демократијата мора да се движи по својот тек и дека позитивно го примиле изборот на Талат Џафери за претседател на собранието.

Иванов: Пратениците се одговорни

Се огласи и претседателот на Државата, Ѓорге Иванов кој со недели одбива да му додели мандат за состав на Влада на Зоран Заев. Покрај неколкуте смирувачки зборови, Иванов го обвини парламентарното мозинство дека е виновно за ескалацијата: „Пратениците се виновни за враќање во рамките на Уставот, законот и за работење на Собранието на Република Македонија кој беше прекршен“, рече Иванов, oдбивајќи да одговара на прашањата на новинарите. Тој ги повика лидерите на политичките партии денеска да дојдат во неговиот кабинет со цел да се разгледа како да се смири настанатата ситуација.

СДСМ од друга страна го обвини Иванов дека заедно со Никола Груевски  и досегашниот претседател на парламентот Трајко Вељановски, „се одговорни за крвавото сценарио во парламентот“ и дека за тоа ќе имаат законска одговорност.

„Иванов е извршител на желбата на Груевски. Претседателот работи спротивно на уставот и своите обврски ги насочува кон граѓаните, па така го поддржува насилството на Груевски и заедно со Груевски и Вељановски свесно создаваат нетрпение и поделба во државата“.

Претседателот Иванов одбива да го додели мандатот на Заев тврдејќи дека договорот што го има Заев со претседателите на македонските Албанци го руши уставниот поредок на државата.

Tој договор предвидува дека албанскиот ќе стане втор официјален јазик. Медиумите под контрола на официјално поранешниот, но се уште актуелен режим, постојано известуваат дека тоа било државен удар на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП