29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca-Cola укинува 1.200 работни места

Coca-Cola укинува 1.200 работни места

Приходите и добивката на „Coca-Cola“ во првиот квартал остро паднаа, поради слабеењето на побарувачката за газирани пијалоци.

Поради тоа најголемиот светски производител на тие пијалоци најави укинување на 1.200 работни места.

Според последниот извештај, приходите на „Coca-Cola“ паднаа квартално за 11,3 проценти во однос на ланскиот период, на 9,12 милијарди долари.

Тоа е веќе осми квартал по ред како приходите на компанијата опаѓаат. Чистата добивка на „Coca-Cola“ опадна, повторно, во изминатиот квартал за 20,3 проценти на годишно ниво, на 1,18 милијарди долари.

Последицата е промената во навиките на потрошувачите во Северна Америка и Европа кои се повеќе се оттргнуват од засладените пијалоци.

Глобалната продажба на карбонизирани пијалоци опадна во првиот квартал за еден процент, објави „Coca-Cola“ и најави дополнителни заштеди на трошоците за 800 милиони долари годишно, па до 2019 година би требало да заштеди 3,8 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП