25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на биткоинот достигна нов рекорд

Цената на биткоинот достигна нов рекорд

Нов рекорд од 1.330,72 долари оствари биткоинот, објави „CoinDesk“. Претходниот историски врв за виртуелната валута беше постигнат на 10-ти март, кога цената достигна 1.325,81 долари.

Малку подоцна вредноста на биткоинот се врати на нивото од малку над 1.324 долари, додава „CoinDesk“.

Од почетокот на годинава виртуелната валута поскапе за 30%, иако американската Комисија за берзите и хартии од вредност одби да ги регистрира двата „EFT“-фондови, кои тргуваат со биткоини. Во исто време и кинеските регулатори ги испитаа обиди за измама и подготват засилена контрола на перењето пари, дополнува „Market Watch“.

Сега на трговијата со биткоини влијае очекувањето дека државните регулатори сепак можат да дозволат трговијата на производи за кои се користи криптовалута, забележува „CNBC“.

Во март цената на биткоинот се колебаше во многу широки граници – во рамките на само неколку дена падна од 1.260 долари до 950 долари, потсетува уште агенцијата. Некои аналитичари предвидуваат дека цената на криптовалутата може да достигне и 3.000 долари во оваа година.

„За последните шест месеци биткоинот ја удвои цената“, коментира Павле Матвеев, извршен директор на финансиската платформа „Wirex“. Тој предвидува дека повеќе држави ќе почнат да ги контролираат виртуелните валути, а тоа ќе ја испрати цената на биткоинот во границите помеѓу 2.000 и 3.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП