18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗА-Класа ќе добие седан верзија

А-Класа ќе добие седан верзија

Компанијата „Мерцедес“ подготви А-Класа седан, која на пазарот ќе се појави кон крајот на 2018 година.

Извор на магазинот „Аутокар“ откри дека А-Класата ќе биде директен ривал на „Ауди А3“, а кога станува збор за кинескиот пазар, таму конкуренција ќе му биде „БМВ Серија 1“. Новиот модел на „Мерцедес“ ќе има МФА платформа со нова генерација на А-Класа и со својата позиција ќе се најде над моделот ЦЛА, што значи дека ќе биде поголем, но и поскап од купето со четири врати. Но, во исто време нема негативно да влијае на продажбата на Ц-Класата, што секако е многу важно на германскиот производител.

На купвачите како опција ќе им биде достапен и погон на сите четири тркала, а моделот во Кина ќе биде понуден со продолжено меѓуосовинско растојание. Во понудата ќе има и трицилиндрични и четирцилиндрични бензински мотори со турбополначи, како и дизел мотори. Најсилната верзија А45 ќе има дволитарски мотор кој ќе развива 400 коњски сили. Хибридниот модел ќе користи комбинација на бензински и електричен мотор со литиум-јонска батерија.

Основните модели ќе имаат 1,5-литарски дизел и 1,6-литарски бензинец. Во зависност од изборот на моторот, А-Класата ќе биде достапна со шестстепен мануелен и деветстепен автоматски менувач. Доаѓањето на седанот се очекува кон крајот на 2018 година, по претставувањето на хечбекот на А-Класата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП