23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Самсунг“ претстави два нови таблети

„Самсунг“ претстави два нови таблети

Јужнокорејската компанија Самсунг денеска ги претстави своите два новитета – еден таблет наменет за љубителите на видео игри и еден како помагало при работа.

Новиот „Галакси Таб С-3“ е наменет пред се за забава и има екран од 9,7 инчи со АМОЛЕД технологија, четири стерео звучници и 4-K резолуција.

„Галакси Бук“ пак, којшто е наменет за професионални активности, на пазарот се појави во две верзии – со 10,6-инчен и со 12-инчен екран. Содржи оперативен систем Виндоус 10.

Самсунг на изложбата што се одржа во Барселона, го најави и својот нов смартфон – „Галакси С-8“, којшто треба да излезе во продажба до крајот на март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП