25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАgileBits дава 100.000 американски долари ако ја пробиете нејзината заштита

АgileBits дава 100.000 американски долари ако ја пробиете нејзината заштита

Компанијата АgileBits, која стои зад еден од најпопуларните алатки за заштита на вашите лозинки 1Password, соопшти дека е зголемена максималната награда за откривање на багови во рамки на својата апликација, од досегашните 25.000 на 100.000 американски долари.

Со оваа награда за мајсторите кои, ако такви воопшто има, ќе успеат да ја пробијат нивната заштита и да ги откријат безбедносните пропусти во рамки на 1Password апликацијата, AgileBits докажува дека верува во своите развојни тимови и има доволно самодоверба да понуди толку голема парична награда.

Притоа износот на наградата се зголемил на ниво кое за откривањето на багови го нудат технолошки гиганти како Епл, Мајкрософот или Гугл.

Секако, како што стои во правилата, ова не е ниту малку едноставна задача, иако девелоперите на 1Password подготвуваат посебна документација која треба да помогне на тие кои ќе се обидат да ја освојат наградата.

Компанијата создаде посебни програмски кодови и своевидно истражувачко опкружување со што на одреден начин сака да помогне на тие кои се сметаат доволно добри да пробијат во „виртуелниот трезор” во кој 1Password ги чува личните информации.

Со овој потег 1Password меѓу другото сака да докаже и покаже дека навистина се работи за најдобра апликација за чување на безбедносните лозинки на светот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП