19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ одбил да потпише нов едногодишен договор со Јунајтед

Ибрахимовиќ одбил да потпише нов едногодишен договор со Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, одбил да потпише нов едногодишен договор со клубот, вреден 15,3 милиони евра, бидејќи не сакал да зема плата од клубот додека е повреден.

Менаџерот на клубот, Жозе Мурињо, инситира Ибрахимовиќ да остане во клубот, иако тој најмалку седум месеци ќе отсуствува од фудбалските терени поради повреда на коленото.

Ибрахимовиќ смета дека не би било фер кон клубот да зема плата додека не игра.

Овој негов потег значи дека кога ќе се рехаблитира, според прогнозите на почетокот на наредната година, ќе бара нов клуб и дека, најверојатно, ќе се пресели во САД, во тимот на ЛА Галакси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП