24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTalking Tom продадена за милијарда евра

Talking Tom продадена за милијарда евра

Најбогатите Словенци, брачната двојката Иза и Само Логин, според неофицијални информации својот дел во компанијата Outfit7, го продале на кинеската компанија Zhejiang Jinke Entertainment Culture Co.

Нивниот најпознат производ е успешната глобална апликација „Talking Tom“, а според информациите на словенечкиот „Finance“, цената за една акција е 100 евра, со што вредноста на целата компанија е околу милијарда евра.

Outfit7 е основана во 2009 година, со седиште во Лондон, а има и 14 фирми ќерки, во Словенија, Швајцарија, Јужна Кореа, Хонг Конг, Кина, САД и на Кипар.

„Talking Tom and Friends“, нивната најполуларна апликација направена е во соработка со Дизни.

Оваа апликација има 5 милијарди преземања и 300 милиони активни корисници месечно. Outfit7 на своите канали на YouTube има 9 милиони претплатници, и нивната содржина е прикажувана над 9 милијарди пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП