19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдраво и природно: Намирници кои го заменуваат шеќерот во напитоците

Здраво и природно: Намирници кои го заменуваат шеќерот во напитоците

Дали првото нешто од кое се ослободувате кога ќе започнете да држите диета е шеќерот од кафето или чајот?

Ако е така, тогаш потрудете се да ја избегнете грешката која повеќето ја прават – немојте шеќерот да го заменувате со вештачки диетални засладувачи.

Вистина е дека тие не се калорични, но сепак, не се препорачливи за здравјето и енергијата. Студијата објавена во магазиот „Nature“ покажа дека засладувачите можат да ја нарушат рамнотежата на бактерии во желудникот, нешто што доведува до зголемена потреба за фруктоза, што не е добро.

Затоа нутриционистот Брук Алперт советува да ги исфрлите и наместо нив во кафето и чајот да ставите малку цимет, рогач или какао, бидејќи се здрави, го забрзуваат метаболизмот и ја зголемуваат енергијата, а притоа на секој напиток му го поправаат вкусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП