19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСиндикатите најавија Првомајски протест

Синдикатите најавија Првомајски протест

Прогресивните синдикати заедно и годинава на 1 Мај ќе излезат на улица со единствена порака за заштита и унапредување на работничките права, окрупнувањето на прогресивното синдикално движење во Македонија и ќе ги повикаат работниците, конечно, да расчистат со синдикати кои не работат во интерес на работниците.

„Овие синдикати кои и покрај сите притисоци од работодавачите опстојуваат според своите статутарни определби и се независни од работодавачите, државата и политичките партии, обединети и во поголем број во однос на претходните години на 1 Мај ќе ги повикаат своите членови и сите работници и работнички да испратат јасна порака до надлежните во државата да работат во интерес на работниците и работничките, но и да се борат за сплотеност и единство, подобар стандард и поголеми права“, соопштија организаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП