25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се најпосетените дестинации во светот за минатата година

Ова се најпосетените дестинации во светот за минатата година

Луѓето денес патуваат повеќе од кога и да е претходно во историјата, а два азиски града пречекаа повеќе посетители во однос на сите други дестинации во светот.

Веќе седум години по ред Хонг Конг го зазема првото место на годишната листа на најпосетени дестинации во светот, која секоја година ја составува Еуромонитор.

Градот пречекал 26,69 милиони посетители во 2016 година, последната година за која се достапни сеопфатни статистички податоци. И покрај тоа што е прв на листата, забалежан е пад на бројот на туристите.

Она што Хонг Конг го загубил го доби Бангкок. Престолнината на Тајланд привлекла 18,7 милиони туристи во 2016 и се искачи на второ место, истиснувајќи го Лондон.

Еуромонитор ја составува листата врз основа на податоци за 57 земји во светот.

Иако компанијата соопштува дека 2016 година била една од најтурбулентните во поновата историја поради терористичките напади, геополитичките конфликти, економската неизвесност, но и поради зика вирусот, сепак во 100-те најпосетени градови во светот е регистриран раст на бројот на меѓународни пристигнувања од дури 55 отсто.

Следува листата на 24-те најпосетени градови во 2016 година:

1. Хонг Конг

2. Бангкок

3. Лондон

4. Сингапур

5. Париз

6. Макао

7. Дубаи

8. Истанбул

9. Њујорк

10. Куала Лумпур

11. Шенжен

12. Анталија

13. Рим

14. Тајпеј

15. Сеул

16. Пукет

17. Токио

18. Гуангџоу

19. Мајами

20. Патаја

21. Мека

22. Прага

23. Милано

24. Лас Вегас

Секој од овие градови има своја приказна, која вие треба да ја дознаете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП