19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов парк за миленици во Општина Центар

Нов парк за миленици во Општина Центар

Општина Центар отвори парк за миленици, кој се наоѓа спроти објектот на НИП „Нова Македонија“ во Паркот на новинарите.

„Сопствениците со своите миленичиња отсега ќе можат слободно да се шетаат во паркот чија површина, на барањето на граѓаните до градоначалникот Жерновски, е двојно зголемена од првобитниот план и сега изнесува 900 м2“, информираат од Општина Центар.

Просторот е затворен од три страни со ограда висока два метра, а четвртата страна допира до оградата на последната парцела. Во средишниот дел е изработена површина која е исполнета со ризла. Во паркот е поставена урбана опрема, и тоа три клупи и шест канти за собирање на изметот од милениците. Исто така, поставени се и дополнителни канделабри.

На влезот на паркот се наоѓа информативна табла со правила за користење на паркот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП