20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВашингтон и Бостон на победа до полуфинале (видео)

Вашингтон и Бостон на победа до полуфинале (видео)

Вашингтон и Бостон ги дели уште една победа од пласман во полуфиналето, во Источната конференција во НБА лигата. Изминатата ноќ Вашингтон ја совлада Атланта 103:99, а Бостон беше подобар од Чикаго 108:97.

Вашингтон, во поголемиот дел го контролираше натпреварот против Атланта, на крајот запиша победа за водство од 3-2 во четвртфиналната серија.

Бредли Бил го предводеше тимот со 27 поени, додека Џон Вол оствари двоен ефект од 20 поени и 14 асистенции.

Кај гостите мечот со „дабл-дабл“ го завршија Денис Шредер (27 поени, 11 асистенции) и Пол Милсап (21 поен, 11 скокови).

Шестиот меч од оваа серија ќе се одигра в сабота, еден час и 30 минути по полноќ.

Бостон успеа да направи целосен пресврт во серијата со Чикаго. Булси ги добија првите два меча во Бостон, потоа Селтикси возвратија со двоен брејк во Чикаго и една победа на домашен терен за предност 3-2.

Бостон до победата го предводеше Ејвери Бредли со 24 поени, колку што постигна и Ајзеа Томас. Селтикс мечот го решија со 29:16 во последниот период.

Кај Чикаго блескаше Двејн Вејд со 28 поени, 11 скокови и осум асистенции.

Шесттиот меч од серијата ќе се игра во Чикаго, а на програмата е в сабота два часа по полноќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП