19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на Ванеса Меј во Скопје (видео)

Концерт на Ванеса Меј во Скопје (видео)

Светски познатата виолинистка Ванеса Меј испрати покана до сите нејзини фанови за концертот кој ќе го одржи во Скопје на 15 мај 2017 во Вип Арена „Борис Трајковски”.

„Сите оние што сакаат да присуствуваат на концертот на атрактивната и популарна виолинистка, а се уште немаат билет нека побрзаат. Многу е веројатно дека целиот преостанат капацитет ќе биде распродаден за неколку денови”, се вели во соопштението на Прагма Продукција, организаторите на концертот.

Концертот на оваа мега популарна ѕвезда е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и Македонската Филхармонија.

Билетите за концертот, кои се во ограничен број, може да се набават преку продажната мрежа на „Купи Карти“, Југотон и цвеќара „Розе” – Веро 2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП