29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПризнанието „Златен објектив“ за богатите филмски истражувања на Илинденка Петрушева

Признанието „Златен објектив“ за богатите филмски истражувања на Илинденка Петрушева

Кинотека на Македонија денеска ќе го додели признанието „Златен објектив“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија, кое годинава оди кај Илинденка Петрушева, филмски критичар, публицист, советник-филмолог, промислувач и истражувач на историјата на македонската кинематографија.

Покрај доделувањето на наградата, планирано е да се одржи и проекција на документарниот филм „Бабички на револуцијата“.

Илинденка Петрушева, родена во 1944 година, во својот работен век беше и генерален секретар на Сојузот на филмски критичари на Југославија, долгогодишен претседател на Киносојузот на Македонија, еден од основачите на Кинотека на Македонија и на фестивалот „Браќа Манаки“, член на бројни жирија на домашни и странски филмски фестивали, селектор и уредник на многу филмски програми.

Петрушева беше и уредник на списанијата „Кинотечен месечник“ и „Кинопис – списание за историјата, теоријата, и културата на филмот и другите уметности“, а автор е и на голем број есеи, прилози и рецензии за филм и автор на книгите „Сонце на дирек: мали приказни за македонските филмски сонувачи“ (2005), „Време на игри и соништа – студија за аматерскиот филм во Македонија 1935-2011“ (2011) и „Само сонот е стварност – од бележникот на еден филмолог“ (2014).

Досегашни добитници на наградата „Златен објектив“ се доајените на македонската кинематографија – Благоја Дрнков, Трајче Попов, Бранко Гапо, Кирил Ценевски, Глигор Паковски, Дарко Марковиќ, Драган Салковски, Љубе Петковски и Коста Крпач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП