25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ„Лофри“ - тастатура која потсетува на машина за пишување

„Лофри“ – тастатура која потсетува на машина за пишување

На пазарот нема многу механички тастатури дизајнирани за „Мекинтош“, но сега се појави тастатурата „Лофри“, која потсетува на машина за пишување.

Тастатурата „Лофри“ е безжична, поседува позадинско осветлување, облик карактеристичен за „Мекинтош“ со тркалезни копчиња, кои потсетуваат на оние од традиционалните машини за пишување и е во црвена боја.

Направена е од пластика, но доволно е цврста. Со компјутерите на „Мекинтош“ се поврзува преку Блутут. Се полни со помош на микро УСБ порт, кој се наоѓа на десната страна. Тастатурата може да се поврзе и со Ајпад.

Достапна е по пат на сервисот „Индигого“ за 74 долари, а од јуни ќе ја продава и „Амазон“ по цена од 99 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП