25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCanon е оптимистичка за оперативната добивка за 2017-та

Canon е оптимистичка за оперативната добивка за 2017-та

Јапонската технолошка компанија „Canon Inc.“ ја зголеми прогнозата за годишниот оперативен профит, откако објави високи резултати за првиот квартал од 2017-та година поради повисоките приходи од купувањето на единицата за медицинска опрема на „Toshiba“, пренесува „Ројтерс“.

„Canon“ ја купи единицата на технолошкиот гигант „Toshiba“ за 5,8 милијарди долари, како и шведската фирма за видео надзор „Axis AB“ за 2,8 милијарди долари.

Компанијата изјави дека бизнисите со ласерски принтери и дигитални камери, кои подолго време бележат пад на нејзините приходи, исто така даваат знаци на закрепнување.

„Во моментов има зголемена побарувачка на ласерски печатари поради заздравувањето на економијата на Кина и на други земји во развој“, коментира извршниот потпретседател и главен финансиски директор на „Canon“, Тошизо Танака. Тој додаде дека продажбата на камери пак е потпомогната од популарноста на новата генерација компактни камери.

За првиот квартал од 2017-та година оперативната добивка на компанијата се зголемила за 88,8 отсто до 75,67 милијарди јени. За споредба, во истиот период за 2016-та година оперативната добивка била во вредност од 40,09 милијарди јени.

Компанијата се претстави подобро од прогнозите на аналитичарите за оперативен профит во вредност од 58,80 милијарди јени.

Потпретседателот на „Canon“ коментира дека компанијата се уште не е во состојба да учествува во тендерот за единицата на „Toshiba“ за флеш мемории.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП