25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Сиромашните во САД стануваат се посиромашни, а богатите се...

График на денот: Сиромашните во САД стануваат се посиромашни, а богатите се побогати

Работничката класа на САД се повеќе останува назад, коментира „Bloomberg“.

Нееднаквоста меѓу сиромашните и богатите – разликата во годишните приходи меѓу домаќинствата меѓу богатите 20% и најсиромашните 20%, се зголемило за 29.200 долари до 189.600 долари меѓу 2010-та и 2015-та година, покажуваат пресметките на „Bloomberg“, базирани на податоци на Бирото за попис на населението во САД.

Компјутерите и роботите веќе преземат многу задачи, заменувајќи некои работници, додека во исто време ја зголемуваат продуктивноста на специјализираните службеници, со што јазот се зголемува.

„Технолошките случувања се повеќе ги заменуваат нискоквалифицираните и средноквалифицираните позиции, истовремено се зголемуваат висококвалификуваните работни места“, вели Чад Спарбер, доцент и декан на Факултетот за економија во „Colgate University“.

Се очекува промените да продолжат. Околу 38% од работните места во САД може да се покажат во висок ризик од автоматизација за неколку години, според истражувањето на „PricewaterhouseCoopers“. Најмногу изложените на овој ризик се индустриите, трговијата на мало и големо, транспортот и складирањето, производството, па помалку образованите вработени се соочуваат со најголеми предизвици.

Користењето на вработените на привремен договор или со скратено работно време од компаниите со цел намалување на трошоците може да ја зголемува дополнително нееднаквоста, бидејќи растот на платите не успева да се движи толку брзо како што се зголемувањето на трошоците за домување и основните потребни. Со зголемувањето на нееднаквоста тешкотиите исто така се зголемуваат за најсиромашните 20%. Финансиско достапните домови, на пример, не стигнуваат во целата земја, што ги принудува вработените да бараат засолниште на подалечни места од нивната работа и да трпат подолго и поскапо движење до таму. Трошоците за имот исто така се зголемуваат во целата земја со 3,9% во март во споредба со минатата година, покажува статистиката на Министерството за труд на САД.

„High-Tech“ хабовите се меѓу петте метрополитни статистички области каде јазот меѓу домаќинствата со највисоки и најниски примања се проширува најмногу: два од нив се во Калифорнија – Сан Франциско и Сан Хозе, а другите се Остин и Сиетл.

Според пресметките на „Bloomberg“ нееднаквоста меѓу супербогатите (топ 5-те проценти) и средната класа (просечните 20%) се зголемило за 58.800 долари. Јазот сепак расте и во самата средна класа, па разликата во приходите меѓу долната и горната средина класа се зголемила за 9.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП