28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкциите на Макпетрол АД остварија промет од 47 милиони денари

Акциите на Макпетрол АД остварија промет од 47 милиони денари

На врвот по прометот во среда се најде акцијата на Макпетрол АД со истргувана количина од 1.702 акции по просечна цена од 27.749,25 денари. Оваа акција со вкупен промет од 47.227.220 милиони денари оствари учество од фантастични 83,4%.

Во среда поминаа три блок трансакции, две со акциите на Скопски пазар АД Скопје во вкупна вредност од околу 2,86 милиони денари и истргувани 197 акции по цена од 14.550 денари, додека третата блок трансакција беше со акциите на Козјак Куманово во вредност од околу 1,3 милиони денари со истргувана количина од 5.420 акции по 250 денари.

На листата на “милионерите” се запиша и акцијата на Алкалоид АД Скопје со остварен промет од 1.446.668 денари. Се истргува количина од 263 акции преку 12 трансакции.

Индексот МБИ10 во вчера беше во зелена територија, забележа раст на вредноста од 0,36 отсто и денот го заврши на вредност од 2.189,97 индексни поени. Индексот ОМБ остана на претходната вредност од 129,36.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП