29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија со пресврт си обезбеди финале во Купот

Борусија со пресврт си обезбеди финале во Купот

Фудбалерите на Борусија Дортмунд, со пресврт, славеа во Минхен против Баерн 3:2 и се пласираа во финалето на германскиот Куп.

Баерн имаше предност по првото полувреме, но екипата од Дортмунд, предводена од Дембеле, со два гола обезбеди ново финале во националниот Куп.

Младиот Французин Дембеле му асистирапе на Ројс кој го постигна првиот гол на натпреварот, но Баерн по првиот дел имаше предност од 2:1, откако Бирки го совалдаа Хави Мартинез и Хумелс.

Во второто полувреме, Дембеле запиша нова аситенција, кога Обамејанг израмни на 2:2, а потоа и самиот се запиша меѓу стрелците поставувајќи ги конечните 2:3.

Борусија во финалето ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт, кој во вторникот дури по изведувањето на пенали ја совлада Борусија Мeнхенгладбах.

Финалниот меч ќе се одигра во Берлин на 27.мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП