25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПМФЛ, 29.коло: Шкендија победи во дербито против Вардар

ПМФЛ, 29.коло: Шкендија победи во дербито против Вардар

Дерби натпреварот помеѓу двете водечки екипи во Првата македонска фудбалска лига, дуелот помеѓу Шкендија и Вардар му припадна на домаќинот со 3:1.

Поради суспензијата на теренот во Тетово, дербито се одигра без присуство на публика, но тоа не и пречеше на Шкендија да го победи бранителот на титулата и да ја прекине серијата од осум победи во која се наоѓаа играчите на Гоце Седловски.

Првиот гол на натпреварот го постигна Меѓедовиќ по 15 минути игра, а до крајот на полувремето Вардар израмни преку Балотели. Во второто полувреме репрезентативецот Бесарт Ибраими со два убави гола и ја донесе победа на Шкендија.

Тетовскиот тим со оваа победа ја намали разликата во однос на лидерот Вардар на 10 бодови.

Резултати, 28.коло:

Македонија ЃП-Ренова 1:3
Брегалница-Пелистер 1:1
Шкендија-Вардар 3:1
Победа-Силекс 1:0

Табела, 20.коло: 1. Вардар 68, 2. Шкендија 58, 3. Работнички 47, 4. Пелистер 41, 5.Ренова 41, 6. Силекс 36, 7. Шкупи 29, 8. Победа 26, 9. Брегалница 20, 10. Македонија ЃП 19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП