29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБез Прибак и Јоноски на двомечот со Исланд

Без Прибак и Јоноски на двомечот со Исланд

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, одбра 19 играчи кои ќе ги започнат подготовките за квалификацискиот двомеч против селекцијата на Исланд.

Шпанецот, за девет имиња, го скрати поширокиот список, кој го објави минатата недела. Меѓу тие деветмина кои отпаднаа од списокот се и искусните Немања Прибак и Аце Јоноски.

Гонзалес првиот тренинг со ракометарите ќе го одработи на 1.мај (9:30 часот) во арената „Борис Трајковски“.

Македонија на првиот меч (4.мај, 20часот) ќе биде домаќин, додека во Рејкјавик ќе гостува на 7.мај.

Списокот на Раул Гонзалес за двомечот со Исланд:

Борко Ристовски (Барселона), Мартин Томовски (Металург), Дејан Манасков (Рајн Некар), Гоце Ојлески (Одрохеи), Гоце Георгиевски (Букурешт), Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Маркоски (Орошази), Филип Лазаров (Тимисоара), Жарко Пешевски (Металург), Кирил Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Кремс), Филип Талески (Рајн Некар), Филип Кузмановски (Металург), Велко Маркоски (ППД Загреб), Мартин Поповски (Вардар јуниор), Филип Миркуловски (Вецлар), Никола Митревски (Бенфика), Марко Нелоски (Металург), Мартин Велковски (Металург).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП