20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСубвенционирањето на АВРМ нема влијание врз платите кои се исплаќаат на младите...

Субвенционирањето на АВРМ нема влијание врз платите кои се исплаќаат на младите работници

Константно високите стапки на младинска невработеност биле причина владите насекаде низ светот да преземат мерки за нејзино намалување. Според истражување на студентот Ѓорги Димевски, кој работел на темата

„Дали мерките на владата на Република Македонија даваат резултат?“ младинската невработест веќе е над 48 проценти, што означува висок процент ако се земе предвид просечното европско ниво од 9,5 проценти.

„Од мерките кои ги спроведува АВРМ, самовработувањето првично се стимулира преку нудење соодветен трендинг за младите лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис. Истиот се користи само од 0,4 проценти од младите лица.“

Претприемачкото образование треба да почне уште порано во образовниот процес, а, па,к Министерството за труд и социјална политика нема соработка со невладини организации кои работат во полето на претприемништвото. Според Димески, некои од младите се преквалификувани и не знаат во кое поле да почнат да создаваат кариера.

„24.4 проценти од самовработените млади лица го посочиле проблемот со пристап до финансиски средства. Ова може да се реши со подобрување на пристапот до проектите кои даваат развој на мал бизнис.

Притоа, подобрување на тренинг компонентата ќе помогне во одржливст на новите бизниси, а, па,к менување на соодносот на број на учесници во програмите и сумата на финансиската помош, односно со помали грантови и повеќе учесници ќе даде подобар резултат“, додава Димески.

Соработката со бизнис инкубаторите, кои во Македонија се 2-3, дава можност за поголем успех. Субвенционираното вработување кое е пропишано со закон е проблем бидејќи отсуствува ефект на супституција, што значи дека не смеат да се отпуштаат работници за 24 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП