25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција со пилот програма против работниците „на црно“

Грција со пилот програма против работниците „на црно“

Од следниот месец во земјата почнува да се реализира пилот програма во чии рамки ќе се проверуваат сите прекршувања поврзани со непријавена работа.

Грчките медиуми пишуваат дека претставници на повеќе ресорни министерства заеднички ќе проверуваат области во кои се претпоставува дека има најмногу „работа на црно“, како што се туризмот, рестораните, таверните, објектите за забава, баровите, трговијата и услугите.

Целта на грчките власти е непријавената и неосигурана работа, која сега изнесува 30 проценти, да падне на 10 отсто. За оние кои го нарушуваат законот предвидени се казни од илјада до 10.500 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП