25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на лошите кредити во еврозоната во последниот квартал од 2016-та

Остар пад на лошите кредити во еврозоната во последниот квартал од 2016-та

Банките во еврозоната драстично ги намалиле наталожените лоши кредити во последниот квартал од минатата година. Најголем пад се забележува во Италија и Ирска, покажуваат податоците на Европската централна банка (ЕЦБ).

Справувањето со лошите кредити во монетарната унија беше приоритет за „ЕЦБ“. Во минатата година институцијата објави нови насоки, повикувајќи ги доверителите да поднесат конкретни планови за дејствување.

Банките во еврозоната ја намалија изложеноста кон лошите кредити од 972 милијарди евра до 931 милијарди евра во рамките на периодот октомври – декември 2016-та година.

Половина од ова намалување се должи на Италија, но и покрај тоа еден од секои 10 кредити во Италија е под надзор. Една четвртина од лошите кредити во еврозоната се во Италија.

Акумулираните лоши кредити во монетарната унија се во вредност од скоро 1 илјада милијарди долари се наследство од должничката криза и го попречуваат кредитирањето и економскиот раст. Тие се повод за загриженост и во ЕЦБ, бидејќи нејзината програма за стимулации завршува по планот во крајот на оваа година.

Голема пречка пред намалувањето на лошите кредити е дека приватниот пазар на таквите заеми е мал и не е особено ликвиден, што доведува до екстремно ниски цени. Така банките немаат мотив да го намалуваат купот на лоши кредити, бидејќи се добиваат значителни загуби и во нивниот биланс и се појавува дефицит на капитал, тежок за пополнување.

„Unicredit“ поведе напори во оваа насока, откако доби капитал и издвои 17,7 милијарди евра лоши кредити за продажба до крајот на 2017-та година. „Monte dei Paschi di Siena“ сепак нема видливи сигнали за напредок, а државната помош се оддолжува повеќе од очекуваното.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП