23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои се задачите на проект-менаџерот?

Кои се задачите на проект-менаџерот?

Само тогаш кога сите заедно активно ќе делуваат на спроведувањето на одредена задача може да се гарантира успешност во изведувањето на проектот.

Доколку некој забушава во работата, ако се појави слаба карика во тимот, настануваат проблеми.

Во тимот сите се зависни еден од друг и менаџерот на проектот мора да внимава на редот, работата и дисциплината во тимот. Конструктивните критики се добредојдени, но постојаното забележување и континуираното жалење на нешто треба да се исечат на самот старт.

Менаџерот на проектот одговара за успешното спроведување на задачата и неговиот збор мора да биде последен, во спротивно би можело да дојде до хаос. Проектот мора да се оствари на време и со што помалку трошоци. Тој треба да знае да ги организира луѓето така што тие ќе го дадат максимумот од својата позиција на која се наоѓаат – нешто слично како во еден фудбалски тим.

Менаџерот на почетокот треба на тимот јасно да му ги претстави целите на проектот, а од него се очекува и план на делување. Треба да ги проверува резултатите, да има состаноци со тимот и да им испраќа извештаи на надредените. Покрај сето тоа, потребно му е и малку среќа за се да функционира како што треба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП