20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Убиецот на Porsche“ ќе чини под 100.000 долари

„Убиецот на Porsche“ ќе чини под 100.000 долари

Компанијата „Rezvani Motorѕ“ објави дека прифаќа нарачки за својот нов модел – „Beast Alpha“, а цената му е симната драстично. Спортскиот автомобил кој располага со моќност од 500 КС, е соочен како конкурент на машините на „Porsche 911“ и ќе чини помалку од 100.000 американски долари.

Купето „Beast Alpha“ беше претставено на саемот во Париз заедно со другиот модел на марката – роудстерот „Beast“. Тогаш од компанијата најавија дека почетната цена на автомобилот ќе биде минимум 149.000 американски долари. Сега, сепак таа е намалена, без тоа да влијае на техничките карактеристики на автомобилот.

„Новиот „Beast Alpha“ ќе биде најприфатливиот автомобил на „Rezvani Motors“, а ќе го зачува како егзотичниот дизајн, така и продуктивноста на моторот. Цената сепак ќе е под 100.000 долари“, се вели во официјалното соопштение на компанијата.

Идејата на производителот е да ја привлече широката публика, која бара уникатен автомобил по прифатлива цена. Нарачки за моделот на „Rezvani“ веќе се прифаќаат, а клиентот мора да поднесе депозит во износ од илјада долари.

„Ја основавме „Rezvani Motors“ пред 2 години со цел изработка на спортски автомобил, кој ќе биде полесен, побрз и ќе нуди феноменална управливост за својата класа. Целта ни е речиси исполнета, а автомобилот ќе биде прикажан во втората половина на годината. Таа ќе стане „убиец“ на „Porsche“, можете да бидете сигурни во тоа“, објасни директорот на компанијата Ферис Разван.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП