28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMинатогодишните глобални воени трошоци достигнале 1.686 милијарди долари

Mинатогодишните глобални воени трошоци достигнале 1.686 милијарди долари

Последните податоци на стокхолмскиот Институт за мировни истражувања „SIPRI”, воените глобални трошоци во 2016 година достигнале 1.686 милијарди долари, или околу 2,2 проценти од глобалниот БДП.

Тоа е зголемување од околу 0,4 проценти во 2015 година, а ова на некој начин би можело да биде и поради ескалацијата на глобалното мешање во крвавата граѓанска војна во Сирија или поради опасноста од нуклеарен судир помеѓу САД и Северна Кореја.

Во листата на земји кои најмногу трошат на својата војска според податоците на „SIPRI”, се наоѓаат САД со трошоци од 611 милијарди долари. Тоа е 36 проценти учество од глобалниот тотал, но тоа е, сепак, 20 проценти помалку во однос на врвот кој САД го доживеале во 2010 година, пишува Indy100.

Во Кина овој трошок изнесува 215 милијарди долари или 13 проценти од глобалниот удел. Русија издвојува 69,2 милијарди долари и има глобален удел од 4,1 проценти, со зголемување од 87 проценти во однос на 2007 година. Индија троши 55,9 милијарди долари, или 3,3 проценти од глобалниот удел, додека Франција има трошок од 55,7 милијарди долари или 4,4 проценти од глобалната потрошувачка на војска. Трошокот на Обединето Кралство изнесува 48,3 милијарди долари, а тоа секако не е малку, но, сепак, придонело за пад на шесто или седмо место, што се припишува на девалвацијата на фунтата по референдумот. Јапонија троши 46,1 милијарди долари годишно на војска, или 2,7 проценти од глобалниот удел. Германија – 41,1 милијарда долари. Тоа е околу 2,4 проценти од глобалниот удел.

Меѓу државите кои трошат најмногу на својата војска се и Италија, Австралија и Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП