18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзит без договор со ЕУ ќе „наштети колку независноста”, смета лидерот на...

Брегзит без договор со ЕУ ќе „наштети колку независноста”, смета лидерот на шкотските лабуристи

Заканите на Владата дека Велика Британија може да ја напушти Европската Унија (ЕУ) без договорена зделка (за идните односи и најмногу за трговијата) можат да ѝ наштетат на земјата, како и на плановите на првиот министер на Шкотска, Никола Стрџан, да го спроведе повторениот референдум за независност, смета лидерот на шкотските лабуристи, Кезија Дегдејл, пишува во средата Скотсман.

Според неа, и двете горенаведени сценарија би довеле до „загуба на работни места и дури уште повеќе на штедењето”.

Претходно, британскиот министер за Брегзит во сенка, сер Кир Стармар, изрази цврсто верување дека напуштањето на ЕУ без постигнат договор би било „несовесно” и во суштина е најлошото сценарио за Велика Британија.

Кезија Дегдејл го изјави следново: „Работата на Владата по Брегзит ни ги покажа ризиците за економијата на земјата, кои тие се подготвени да ги преземат”.

Дегдејл го изрази ставот за време на обраќањето на Конгресот на шкотските синдикати во Евимор каде, исто така, ги нападна конзервативците дека не се справиле со задачата да ги гарантираат правата на граѓаните на ЕУ кои моментално живеат во Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП