19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБерин Тузлиќ ќе одржи работилница за анимиран филм

Берин Тузлиќ ќе одржи работилница за анимиран филм

Во рамките на годинешната програма на Скопје филм фестивал, утре (четврток, 27 април, 12 часот), во Кинотеката на Македонија работилница за анимиран филм ќе одржи Берин Тузлиќ, уметник од Сараево.

Работилницата се состои од три сегменти:: видеа од Ричард Вилијамс, интерактивни занимливости и видео цртање со тајминг музика, комбинирана техника фазонатор

Берин Тузлиќ е мултимедијален уметник од Сараево, доцент по цртана анимација. Добитник е на многубројни награди од областа на краткиот анимиран арт филм, изработка на реклами и стрипови. Неговиот филм „Сараево, не знам кога и не знам каде сум“ е добитник на 33 награди, покрај другите наградувани филмови „Страшила“, „Бегам и кога не сум крив“, „Фазонатор“ и други. Автор на повеќе од 10.000 минути арт и рекламни анимации.

Тузлиќ е претседател е за БиХ на АСИФА, светско здружение на аниматори. Претседател е на НВО Pixel.ba од Сараево за аудио-визуелни комуникациски вештини. Коспоственик е на најголемата адвертајзинг агенција и продукција „Виамедиа“ во Бих, која има свои подружници во три земји.

Работилницата ќе се одржи на 27 април, во Кинотека на Македонија, од 12 часот.

(Реквием за Пинокио)

Вечерва (26 април) на програмата на фестивалот се премиерите на двата нови краткометражни македонски филмови: „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимска, со Наташа Петровиќ и Шенка Колозова во главните улоги и „Чевли“ во режија на Бранко Костески, со актерите Благој Веселинов, Григор Јовановски, Диме Илиев, Ана Костовска и Роберт Ристов. На проекциите во кино „Фросина“ од 20,30 часот ќе присуствуваат и авторите и филмските екипи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП