19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСедум карактеристики на лошиот шеф

Седум карактеристики на лошиот шеф

Позитивната атмосфера на релација вработен и работодавец ќе ја зголеми продуктивноста и чувството на задоволство на работа.

1. Шеф кој лаже – шеф кој е неискрен и недоверлив и не е добар темел за продуктивен однос.

2. Шеф кој никогаш не греши – шеф кој всушност не е доволно храбар да признае дека згрешил.

3. Шеф кој многу ветува – ветувач на промоции, зголемувања на плата и разни бенефиции кои никогаш работниците не ги добиваат.

4. Шеф кој брзо критикува за грешките, а не ја пофалува добро сработената работа – всушност шеф кој сака само успех и не го интересира вложениот труд за одредена работа.

5. Шеф кој очекува да бидете токму како него – самобендисан шеф кој не ги цени квалитетите на останатите и вечно сам себе се става на пиадесталот.

6. Шеф микроменаџер – шеф кој постојано ве заморува со ситници, шеф кој е напорен и бара се и сешто да биде завршено. Ваквиот шеф е речиси траен проблем.

7. Шеф кој ве бара и кога имате слободен ден – шеф кој не го почитува вашето слободно време, безобзирен и некултурен. Со еден збор лош шеф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП