25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА500 евра минимална пензија во Словенија

500 евра минимална пензија во Словенија

Минималната пензија во Словенија ќе биде 500 евра, беше усвоено од страна на Словенeчкиот парламент.

Со оваа одлука, за која немаше ниту еден глас против, се менуваат уредбите од Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Измените на Законот се со цел пензионерите со помали примања да не земаат државен додаток. Податоците со кои располага пензиското осигурување во Словенија покажуваат дека пензија од 500 евра ќе земаат 98 200 пензионери.

Иако на почетокот опозицијата го критикуваше предлог-законот, бидејќи сметаше дека е во функција на изборите, беше донесен едногласно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП