18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКултурата на дланка – заедно со Еуролинк Осигурување

Културата на дланка – заедно со Еуролинк Осигурување

За да можеш да ја разбереш денешницата, неминовно треба да се навратиш на минатото. Треба да почнеш од почеток за да можеш да стасаш до крајот. Треба да го осознаеш првиот чекор за да можеш да продолжиш  да патуваш по патеката на мапа на културата организирана од Еуролинк осигурување.

Eуролинк осигурување, во рамките на платформата за Корпоративно општествени одговорности, „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“, чија цел е поддржување и афирмирање на македонската култура,  уметност и образование, веќе четвртта година по ред, организира бесплатна туристичка тура насловена како „Mапа на културата“.

Со реализација на овој проект, Еуролинк им овозможува на стотина граѓани на Република Македонија да дознаат повеќе за културните богатства и  археолошките локалитети во нашата држава и подигање на свеста кај пошироката јавност за сопственото културно и  археолошко историско наследство.

Туристичките прошетки, кои  се дел од проектот „Мапа на културата“, ќе се реализираат во текот на целата година, во неколку етапи, а првата дестинација е археолошкиот локалитет Хераклеја, која претставува составен дел од богатата културна историја на градот на конзулите, Битола.

Целодневната прошетка на археолошкиот локалитет Хераклеја претставува уникатна можност учесниците  да патуваат низ историјата, испишана на овие простори, создадени на овој локалитет од античко време.  Центарот на повеќе цивилизации кои ја исцртале културната мапа на човештвото, за што сведочат и богатите антиквитети откриени на овој локалитет. Приказната продолжува кон градот Битола, со посета на НУ Музеј Битола, каде што е изложена поставка од ранохристијанската уметност, средниот век, како и посета на спомен-собата на Мустафа Кемал Ататурк, па сè до Широк сокак, Безистенот, Саат кулата, откривајќи ни ги приказните  од минатото за Битола.

Сите заинтересирани граѓани, без разлика на возраста, ќе можат да се пријавуваат од  денес 26.4.2017(среда) до 3.5.2017 (среда) на следната електронска адреса: [email protected], со испраќање генералии: име и презиме, возраст, контакт-телефон.

„Еуролинк осигурување“ ги покрива сите трошоци за организација на настанот, кој вклучува: логистика, автобуски превоз, професионален водич, билети за посета на локалитетот, подароци, како и освежување за учесниците во турата.

Еднодневната екскурзија ќе се одржи на 6.5.2017 (сабота) со поаѓање во 8.30 ч. на паркингот пред Дрво декор спроти „Холидеј ин“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП