28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВИП со нова услуга ХБО ГО и Пакет ХБО премиум, промотивно 3...

ВИП со нова услуга ХБО ГО и Пакет ХБО премиум, промотивно 3 месеци без претплатa

Со големо задоволство ВИП ја најавува новата услуга ХБО ГО со која корисниците имаат можност да ги гледаат омилените филмови и серии каде и да се низ Македонија.

Оваа услуга овозможува следење на содржините преку интернет, и тоа преку компјутер/лаптоп, смартфон, таблет или смарт ТВ на најмногу 5 уреди, но корисникот ќе може да биде најавен само на 2 уреда истовремено.

Услугата ХБО ГО е достапна со пакетот ХБО премиум, кој покрај услугата ХБО ГО ги вклучува и телевизиските канали ХБО, ХБО2 и ХБО3.

Пакетот ХБО премиум е достапен за сите корисници на ВИП Комбо, ВИП Комбо лајт, ВИП TV и ВИП ТВ лајт, со месечна претплата од 299 денари.

Промотивно, ХБО премиум пакетот е достапен без претплата во првите 3 месеци, за сите нови или обновени корисници на ВИП Комбо и ВИП Комбо лајт. Промоцијата важи ограничен период.

Услугата ХБО ГО е исто така достапна за активација како самостојна услуга, за следење на содржините преку интернет, за сите корисници на ВИП Комбо и ВИП Комбо Lite, за корисниците на други фиксни услуги, како и за ВИП постпејд корисниците (со ВИП SIM-картичка), со претплата од 249 денари/месечно.

Повеќе информации за новата услуга можете да добиете на www.VIP.mk или со јавување во Контакт центарот на Вип на 077 1234.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП